КОНКУРЕНТНОСТ

БАСМЕ со своите услуги влијае на зголемување на конкурентноста на домашните компании преку равивање на капацитетите на компаниите и развивање на институциите кои што се грижат за подобрување на бизнис опкружувањето.

Сет на мерки и инстументи за директно зголемување на конкурентноста на компаниите:

  • подобрување на менаџерските способности и управување со фирмите,
  • извозна поддршка,
  • стандардизација на квалитетот на производите,
  • информации за странски пазари,
  • Б2Б контакт
  • Развој на институциите за подобрување на бизнис опкружвањето

Референци:

  • Консалтинг и обука на менаџери во фирм
  • Консалтинг и обука на вработените во развојни институции, министерства, агенции, регионални центри и општини

Развој на МСП

БАСМЕ преку своите услуги го поддржува развојот на МСП преку обезбедување на советување, развивање на бизнис планови, посредување при изнаоѓање финансии, обуки и зајакнување на капацитетот на институциите за поддршка на МСП.

Рефренци:

  • Обука на претприемачи и МСП
  • Обука на ПРЕДА
  • Поддршка на процесот за подготовка на  ЕУ Повелбата за МСП

Локален економски развој

ЛЕР е важен дел од консалтинг програмата на БАСМЕ. Нашите експерти помагаат при одредување на политиките и методите на ЛЕР учествуваат во процесот на имплементација и посредуваат во  воспоставување на општествен дијалог помеѓу социјалните партнери во општините.

Референци:

  • ПРЕДА - Обука за ЛЕР и обука на партнерите во процесот на ЛЕР
  • ГТЗ - Истражување на можностите за економски развој на Беровско Пехчевскиот регион

Децентрализација

БАСМЕ е активно вклученa во процесот на децентрализација преку помош на локалната самоуправа при преземање на новите надлежности од централната власт, преку:

  • Развој на стратешки и акциони планови
  • Процес на буџетирање
  • Инструменти за привлекување на странски инвестиции
  • Инструменти за ефикасен економски развој
  • Обезбедување на финансии од меѓународни фондови и институции

Референци:


Светска банка

  • Обука на финансиксите работници во општините за финансики менаџмент и  буџетирање
  • Обука и подготовка на акциони планови за социјален развој во општините

Микро финасирање

БАСМЕ обезбедува помош на институциите кои се бават со микрофинансирање при нивно основање, креирање и имплемантација на микро кредитни и грант шеми, обука на кадарот, воспоставување на политики, оценка и евалуација на резултатите.

Референци:

  • Развивање и имплементација на ЕАР микро кредитна шема
  • Обука на кредитни аналитичари за оценка на кредитно барање
  • Обука на претприемачите за подготовка на бизнис план 

Странски инвестиции

БАСМЕ обезбедува консултантски услуги и обуки за институции кои поттикнуваат странски инвестиции преку зајакнување на нивните капацитети, подготовка на профили на фирми и др.
За потенцијалните странски инвеститори БАСМЕ обезбедува one stop shop услуга, која опфаќа информации и услуги за успешно остварување на нивната инвестиција:

  • информации за правната рамка
  • регистрација на фирми
  • финансики совети
  • истражување на пазарот
  • селекција на потенцијални партнери
  • изнаоѓање на потенцијален кадар
  • бизнис контакти
  • информации

Рефренци:

  • UNDP - Макинвест - Подготовка на профили на компании заинтересирани за странски инвестиции и обука на вработените во Макинвест и општините
  • UNDP -  Албанија - Истражување на пазарот во Македонија за инвеститор од Албанија

ЕУ Интеграции

БАСМЕ посебна важност му придава на процесот на вклучување на Македонија во ЕУ, како многу актуелен процес, за што има обезбедено мрежа на специјализирани и квалификувани експерти кои може да одговорат на потребите на Владата и институциите на локално ниво, како и на бизнис заедницата.


БАСМЕ е консултант на Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ.

(c) Basme K&T, 2008