БАСМЕ е приватна консалтинг компанија која за својте клиенти обезбедува професионални услуги од областа на менаџмент консалтинг и обуки.
Како пионер во менаџмент консалтингот и обуките во Република Македонија БАСМЕ има развиено мрежа на домашни и меѓународни партнери од различни земји во ЕУ и заедно со нив обезбедува широк дијапазон на услуги за домашни и меѓународни клиенти.
Нашата филозофија е изградена врз основа на тезата дека добриот бизнис се темели на добри бизнис одлуки, донесени врз основа на конзистентен систем на одлучување. Поради тоа имаме развиено уникатен систем кој овозможува значително зголемување на веројатноста дека вашите одлуки ќе се покажат како вистински. Системот се состои од воведување на прецизни процедури за донесување на одлуки, базирани на добри информации и обучен тим за носење одлуки.