Консалтингот е витална компонента во веригата на вредности на секоја компанија.Тој, исто како и останатите инпути, има своја конкретна улога и овозможува создавање на дополнителна вредност во работењето на компанијата.
Консалтингот создава вредност овозможувајќи порационално искористување на постојните ресурси на компанијата, нудејќи поддршка и насочување кон носење на подобри бизнис одлуки, како и подобрување на вкупните перформанси на компанијата.
Портофолиото на консалтинг услуги што ги нуди БАСМЕ на својте клиенти се состои од:
- Стратешки развој
- Маркетинг стратегии
- Развој на човечки ресурси
- Бизнис планирање
- Дијагностицирање и преструктуирање на компаниите
- Длабинска анализа
- Функционална анализа
- Советување во сферата на финансиите
- Управувачко сметководство
- Инвестиции
- Буџетирање
- Проценка на фирми
- Судски вештачења од областа на економијата
Одбрани изработени проекти:
DFID
- Поддршка на министерствата при изработка на стратешки планови;
- Функционална анализа и утврдување на трошоци по единица работно место во Агенцијата за цивилна и воздушна управа и Министерство за економија;
ЕAR
- Воспоставување на систем на човечки ресурси во Агенцијата за електронски; комуникации;
- Контрола на формирање на цените за Агенцијата за електронски комуникации;
- Поддршка на фирми за подобрување на перформансите;
- Изработка на маркетинг стратегии;
- Подготовка и контрола на извештајот за ЕУ Повелбата за МСП;
- Анализа на потребите од редизајнирање на ЕУ микро кредитната линија;
Истражување, студии, анализи
БАСМЕ КТ изготвува анализи и студии врз основа на соодветни истражувања од областа на економијата и развојот.
Специјализирани сме за: истражување и анализа на потребите од обука, можности и бариери за развој, анализа на пазарот, секторски студии и др.
Одбрани изработени проекти:
-
МРФП, ПРЕДА - Анализа на потребите од обука;
-
МРФП - Идентификација на бариерите за развој на МСП во Македонија;
-
УНДП - Идентификација на извозните бариерите на албански производи во Македонија;
-
УСАИД - Студија за можностите за инвестирање во текстилната индустрија;
-
ГТЗ - Студија за регионален развој на Берово - Пехчевскиот регион;
-
ЕАР - Регионална студија за ефикасноста не ЕАР проектите;
Спроведени истражувања за компании:
-
Истражување на пазарот на масло за јадење за компанија од Албанија;
-
Истражување на пазарот на автомобили во Балканските земји за компанија од Кина;
-
Истражување на пазарот на цвеќе во Македонија за домашна компанија;
Обука
Програмата за обука на БАСМЕ е насочена кон луѓето кои веруваат во идејата за доживотно учење. Како дел од своето портофолио на услуги БАСМЕ има развиено посебни програми наменети за администарцијата и за бизнисот.
АДМИНИСТРАТИВНАТА ПРОГРАМА е наменета за државни службеници, вработени во владини тела, агенции и организациим општини и други јавни буџетски установи. Процесот на обука е базиран на дефинирани модули кои им обезбедуваат на учесниците знаења неопходни за создавање модерна јавна администрација.
Некои од темите
- Стратешко планирање
- Подготовка на акциони планови
- Буџетирање и фискални импликации
- Управување со трошоци
- Градење на тим и тимска работа
- Проектен менаџмент
- Унапредување на комуникациски и презентациски вештини
- Ефикасно управување со состаноци
- Управување со време
- Обука на обучувачи
- IPA и други ЕУ фондови
DFID
- Обука на министерствата за стратешко планирање;
- Обука на министерствата за менаџмент вештини;
- Обука на министерствата за трошоци и фискални импликации;
Светска банка
- Обука на општините за буџетирање и финансиски менаџмент;
- Обука на општините за подготовка на акциони планови
МРФП,OSCE, IFC, Министерство за економија, PREDA
- Обука на менаџери за унапредување на менаџерските вештини, бизнис планирање, финансиски менаџмент и прептприемништво
- Обука на обучувачи
SFARM
EAR - HRDF Проект
- Oбука на менаџери за менаџмент и маркетинг
PREDA, IFC
Проекти
БАСМЕ е уникатен и доверлив партнер за многу меѓународни и домашни консултантски компании и организации при спроведување на нивните проекти во Република Македонија и во регионот.
БАСМЕ заедно со своите партнери учествува во подготовка, имплементација и евалуација на проекти поддржани од меѓународни или домашни организации. БАСМЕ обезбедува тим од искусни и добро квалификувани експерти и долгогодишно искуство во работење со институциите во земјата.
БАСМЕ обезбедува и комплетна логистика за спроведување на проекти и организација на настани.
Референци:
InWent
- Проект за промоција на корпоративна општествена одговорност во регионот на Југоисточна Европа
- БАСМЕ е Национален партнер на InWent за проектот RECCO во рамките на Пактот за стабилност и основач на Бизнис Сервис Центарот, кој е дел од мрежата на Бизнис Сервис Центарите во Југоисточна Европа. Центарот преставува one stop shop за домашни и странски фирми кои бараат партнери за соработка или инвестиции. www.see-network.com
ЕАР
- Евалуација на проектот за поддршка на мали и средни претпријатија
- Евалуација на проектот за ВЕТ Програмата во Црна Гора
- Евалуација на микро кредитна линија
Стандарди за квалитет
БАСМЕ располага со квалификуван тим од експерти за воведување на стандарди за квалитет, заштита на човекова околина и безбедност на храна и акредитација на лаборатории.
- ISO 9001:2000 МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ВО ОРГАНИЗАЦИИ
- ISO 14001:2004 МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- IPPC (Integrated pollution prevention and control) Интегрирано спречување и контрола на загадувањето ИСКЗ
- HACCP Hazard analysis critical control points Систем на контрола на процесите за производство и дистрибуција на прехрамбени производи
- ISO 22000:2005 МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
- ISO 17025:2005 МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИИ